Домашните работници да бидат вклучени во изградбата на коридорите, апелираат експертите
Експертската фела апелира и домашните работници да бидат ангажирани во изградбата на четирите патни правци кои ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“...

Граѓаните на Македонија ќе возат по модерни патишта, но потребно е да се работи со полна пареа, вели експертската фела и повторно апелира и домашните работници да бидат ангажирани во изградбата на четирите патни правци кои ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Градежниците очекуваат придвижување на секторот, кој од мотор на македонската економијата поради долгогодишната замреност и намалените капацитети ја намали рентабилноста на компаниите.
За максимум четири години треба да бидат завршени автопатиштата што ги градат „Бехтел и Енка“, вели првиот човек на државните патишта. Според него, овој проект е еден од најважните во земјава.
Изградбата на четирите делници Прилеп – Битола, од Требеништа до Ќафасан, од Гостивар до Букојчани и од Тетово до Гостивар ќе овозможи побрз превоз на работници и производи, пониски трошоци, поголема конкурентност и странски инвеститори – вели бизнис-фелата.
Четирите делници ќе чинат 1,3 милијарди евра, а треба да бидат готови за нешто повеќе од 4 и пол години.
По завршување на изградбата, од Скопје до Охрид ќе се стига за помалку од два часа.
Борис Грујоски
