Македонија со победа ги започнаа квалификациите за пласман на ЕП
Македонија успеа да создаде предност од четири гола и ја одржуваше некаде до финишот на првото полувреме, кога играчите на Лазаров попуштија во одбраната, а Естонците успеаја да се вратат и да дојдат до 20:20 по првиот дел...

Македонските ракометари со победа ги започнаа квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година, откако ја победија Естонија со 37:33.
Македонија добро влезе во натпреварот, успеа да создаде предност од четири гола и ја одржуваше некаде до финишот на првото полувреме, кога играчите на Лазаров попуштија во одбраната, а Естонците успеаја да се вратат и да дојдат до 20:20 по првиот дел.
Најефикасен на теренот беше Серафимов со 10 голови, по седум постигнаа Митев и Кузмановски
За четири дена, во второто коло, Македонија ќе гостува во Литванија.