Во пожар изгоре резбарската работилница во Идризово
Дваесет пожарникари утрово го гаснеле пожарот во затворот Идризово, за половина час го ставиле под контрола и не дозволиле да се прошири во останатите објекти...

Резбарска работилница стара 60 години во затворот Идризово, целосно изгоре во пожар, увидот ќе покаже од што и како настанал. Според директорот на затворот најверојатно станува збор за дотраена електрична инсталација.
„Опожаерн е дел од објектите на стопанската единица „Препород“ во тој момент немало никој од страна на осудените лица или од вработените, штети во тој поглед нема никакви. Се работи за стари објекти изградени во почетокот на 50-тите години со стара инсталација“, рече Живко Пековски, директор на КПУ Идризово.
Старото резбарско одделение секој ден го посетуваат по двајца до тројца затвореници. Пожарот не ги уништи машините, во наредните денови тие ќе бидат преместени во други објекти.
Дваесет пожарникари утрово го гаснеле пожарот во затворот Идризово, за половина час го ставиле под контрола и не дозволиле да се прошири во останатите објекти.
Во моментов во казнено поправната установа идризово има околу 1520 затвореници.
Андријана Атанасовска
