ухмр
Утринава најстудено во Берово и во Битола
08.11.2024 08:45
Минусни температури имаше и во Демир Капија каде беа измерени -3, во Тетово, Скопје и Гевгелија беа измерени -2. Во Куманово, Штип и Прилеп -1, Крива Паланка, Маврово и Кавадарци беа со нула степени....

Денеска утринските температури во голем дел од Македонија беа во минус. Најстудено беше во Берово каде беа измерени -8 степени, а Битола беше на второто место со измерени -5 степени.
Минусни температури имаше и во Демир Капија каде беа измерени -3, во Тетово, Скопје и Гевгелија беа измерени -2. Во Куманово, Штип и Прилеп -1, Крива Паланка, Маврово и Кавадарци беа со нула степени.
Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко. Температурите ќе достигнат до 20 степени.
