Македонија

Во Лисиче воздухот најзагаден, синоќа загадено и во повеќето македонски градови

08.11.2024 08:55

Мерните станици за квалитетот на воздухот ширум земјава синоќа покажаа концентрации на честички во воздухот кои се и по неколкупати повисока од максимално дозволените...

Мерните станици за квалитетот на воздухот ширум земјава синоќа покажаа концентрации на честички во воздухот кои се и по неколкупати повисока од максимално дозволените.

Според податоците, најзагаден воздух синоќа дишеа жителите на делови од Скопје. Во Лисиче беше измерена најголема загаденост од 197 микрограми ПМ10 честички на метар кубен и голема концентрација на честичките ПМ2.5, 118 микрограми на метар кубен, што е речиси петпати повеќе од максимално дозволената вредност.

Кичево и Струмица се на второто и третото место по зголемена загаденост, а на листата меѓу најзагадени се најдоа и Велес, Кавадарци и Тетово.

Според листата на платформата „IQAir“ на поголеми градови во светот, Скопје во се искачи на шестото место, со индекс на загаденост од 165. Први на листата се Делхи во Индија и Лахор во Пакистан.