ДЗСИ го проверува случајот со починатото дете на Детска клиника
Од Детската клиника со соопштение ја информираа јавноста дека оваа установа лекува најтешки случаи на деца со различни болести, честопати и критични случаеви, доаѓаат од сите градови и од сите болници во нашата земја. Директорот препознава политички битки, Здравствениот инспекторат почна увид...

Од Детската клиника со соопштение ја информираа јавноста дека оваа установа лекува најтешки случаи на деца со различни болести, честопати и критични случаеви, доаѓаат од сите градови и од сите болници во нашата земја.
„Тимот од педијатриски стручњаци на оваа Клиника во просек лекуваат 5.000 до 6.000 деца месечно, случаи со благи до најкомплицирани и тешки дијагнози. Деноноќно, 24 часа, лекарите и медицинските сестри се во служба на малите пациенти, го даваат својот максимум со цел најпрофесионално да им помагаат на пациентите, но, не секогаш среќата е на страната на лекарите и медицинските сестри“, соопштуваат од Клиниката за детски болести.
Од Клиниката тврдат дека не е направена грешка во лекувањето. Директорот препозна политички интереси во откривањето на случаите.
„Информациите кои неофицијално се лиферуваат од Детската клиника често имаат политичка тенденција, а за информаторите не е важен животот на децата, туку директорската фотелја“, изјави директорот на Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.
Мемеди најави прес-конференција за разјаснување на случувањата на Детската клиника.
Наташа Јанчиќ - Менковски
