ДКСК

Постапка против поранешната министерка Костадиновска-Стојчевска

08.11.2024 14:48

Државната комисија за спречување на корупција денеска донесе одлука да иницира постапка до надлежните органи во врска со употреба на буџетски средства за приватни цели на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска...

Поранешната министерка бисера Костадиновска-Стојчевска при престојот во Лондон трошела буџетски пари за приватни цели, констатира Антикорупциска. 280 фунти ексминистерката искористила за приватни цели. А од картичката на Министерството од потрошени 528, 485 фунти Комисијата не може да ги квалификува како службени трошоци.

Назначувањето на членовите на Судскиот и Советот на јавни обвинители во управниот одбор на Академијата за обука на судии и обвинители е противзаконско бидејќи законот предвидува назначување на судии и обвинители, но не од редот на советите, тврди комисијата. Ги повика да ги поништат одлуките до истекот на мандатот на сегашниот состав на одборот.

Комисијата поднесе иницијатива до Судскиот совет и Здружението на судии за поведување дисциплинска постапка против член на Советот за „судир на интереси“ и „пристрасност при вршењето на функцијата“ заради иницирање постапка за утврдување одговорност на судии во Врховен суд, кои постапувале во предмет, кој ја засегал неговата сестра.

 

Фиљана Кока