Политика

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

11.11.2024 12:54

Вчера огранокот на Таравари на вонреден конгрес усвои декларација за политичко дејствување која треба да послужи како водич на партијата и подобрување на нејзината активност.

Крилото на Зијадин Села од Алијанса за Албанците го оспори вчерашното одржување на вонредниот конгрес на партијата на чело со Арбен Таравари. Според нив станува збор за срамна фарса со цел да се манипулира со јавноста.

„Вчера немаше партиски делегати, но имаше луѓе, дури и од други партии, од кои голем дел се бореа со дух и буква против Алијансата за Албанците, никогаш не биле нејзини членови и нема да бидат, беа стрелачки одреди кои заедно со Арбен Таравари го правеа последниот обид за егзекуција на Алијансата за Албанците. Секако дека нема да успеат“, истакна Ремзи Мехмеди.

Вчера огранокот на Таравари на вонреден конгрес усвои декларација за политичко дејствување која треба да послужи како водич на партијата и подобрување на нејзината активност.

Конгресот донесе и избор на ново Централно собрание, а Таравари изјави дека Алијансата е целосно реорганизирана и зацврстена како една од водечките албански партии.