Загадувањето е двојно поголемо во училиштата и градинките, велат истражувањата
Според истражувањето, над 3.400 луѓе годишно умираат од аерозагадувањето. Воздухот во затворени простории е уште поопасен, на удар се и децата од градинките и од училиштата. За справувањето во неколку општини УНДП со надлежните институции спроведе истражување...

Децата во градинките и во училиштата дишат загаден воздух со супспендирани честички двојно повисоки од максимално дозволената граница од СЗО – покажало истражувањето во пет општини во државава. Констатирано е дека влијае на психофизичкиот развој кај децата, концентрацијата, размислувањето. Современите системи за вентилација можат да го намалат загадувањето во затворен простор и до 90 отсто, вели професорот Мираковски.
Градинките дел од средствата кои ги добиваат од ресорното министерство да ги искористат за прочистувачи.
10 болници повеќе нема да користат мазут и нафта за затоплување. Неопходна е поголема енергетска ефикасност на јавните институции – најавија од Владата.
Загадувањето посебно се чувствува во вечерните часови, велат граѓаните и размислуваат да ги вратат маските за да се заштитат. Некои веќе ги активирале прочистувачите.
Како најголеми извори на загадување стручната јавност ги посочува согорувањето дрва, минералната прав и сообраќајот.
Опозицијата обвинува дека власта не презема ништо во справување со загадениот воздух. Од ВМРО-ДПМНЕ велат имаат долгорочен план за екоиновации со кој преку зелениот фонд ќе се поддржуваат посебни програми за поддршка на стартап-компании.
Александра Велинова
