Политика

Собранието ја задолжи Владата да достави акционен план за работа

11.11.2024 16:10

Во Собранието првата седница на Комисијата за следење на соодветна и правична застапеност на граѓаните од сите заедници. Започна со работа, но извештајот допрва се подготвува и ќе биде објавен следната година, се првичните информации...

Собранието ја задолжи Владата во наредните 30 дена да изработи акциски план за правична застапеност на етничките заедници во администрацијата. Заклучокот донесен на првата конститутивна седница на Комисијата за правична застапеност, ќе дава препораки, мислења и заклучоци, кои мора да ги спроведат државните органи и другите јавни институции на сите нивоа, во врска со состојбите за релевантна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.

Од коалицијата „Вреди“ велат дека Комисијата е за надзор, а во меѓувреме се работи на подготовката на Законот за правична застапеност, наместо укинатиот „балансер“.

Во однос на новоформирана собраниска комисија, таа своите извештаи ќе започне да ги подготвува од јануари.

 

Миле А. Ристески