Катастарот ги намали цените на услугите, сега се на потег геодетите
Директорот на Катастар, Иван Живковски ја повика Комората на геодети да го следи неговиот пример и да ги намали цените на услугите. Како да ги намалиме цените кога немаме економска исплатливост. Од Комората на геодети го одбија повикот на директорот на Агенцијата за катастар...

Директорот на Катастар, Иван Живковски ја повика Комората на геодети да го следи неговиот пример и да ги намали цените на услугите. Тврди, поевтиниле за 75 проценти, а сега на потег е комората. Вели дека не сака да се меша во нивната работа, туку да обезбеди ефикасна и поевтина услуга на граѓаните.
Како да ги намалиме цените кога немаме економска исплатливост. Од Комората на геодети го одбија повикот на директорот на Агенцијата за катастар, Живковски. Никола Рибароски за МТВ вели дека тарифникот по закон го предлага Комората, но го носи Агенцијата за катастар, тој смета дека цените на катастарот треба уште да се намалуваат.
Отсега, со неколку кликови имотниот лист ќе стигнува експресно на електронска адреса. Ова е само дел од 90 услуги кои се веќе достапни на новиот интерен портал на Агенцијата за катастар. Догодина ќе се дигитализираат уште 10 нови услуги.
Викторија Милевска
