АЗЕРБЕЈЏАН
Втор ден од климатскиот самит во Баку
12.11.2024 11:41
Претставници од речиси 200 држави присуствуваат на вториот ден од климатскиот самит во Баку, Азербејџан...

Претставници од речиси 200 држави присуствуваат на вториот ден од климатскиот самит во Баку, Азербејџан.
Шефови на држави и влади разговараат за тоа како да се контролира климатската криза и да се ублажат последиците. Самитот, исто така, има за цел да одговори на новите финансиски обврски за сиромашните земји кои се особено погодени од климатските промени. Македонската делегација во Баку ја предводи претседателката Сиљановска Давкова.
Генералниот секретар на Обединетите Нации во обраќањето, повика на „климатска правда“.
