Македонија

Владата со изградба на когенеративни централи ќе се бори против загадувањето на воздухот

12.11.2024 14:05

За аерозагадувањето, премиерот Мицкоски со став - седум години ништо не е направено за надминување на проблемот, сега сме во потрага по партнери, кои заеднички со Владата ќе вложат во систем за затоплување на нашите домови...

За аерозагадувањето, премиерот Мицкоски со став - седум години ништо не е направено за надминување на проблемот, сега сме во потрага по партнери, кои заеднички со Владата ќе вложат во систем за затоплување на нашите домови, а ќе произведуваат и електрична енергија и гас, односно когенеративни централи.

„Имаме во план да направиме неколку. И на тој начин цениме дека барем за 60 проценти ќе биде намалено загадувањето и почнуваме тоа да го развиваме. Тоа нема да биде скоро, можеби за три-четири години од денес, бидејќи досега ништо не е направено. Но, тоа е еден од начините како веднаш да реагираме и да направиме нешто за да го подобриме квалитетот на воздухот“, вели премиерот Мицкоски.

Тој е дециден дека нема друг начин. Не постои ни магија ни чудо, но очекуваме за 3-4 години да се подобри квалитетот на воздухот, рече Мицкоски.