Мицкоски: Али Ахмети е фактор на нестабилност во државата
Навикнати сме да има воинствена реторика и да повикува на немири и нестабилност, но не е нешто сериозно, одговори премиерот Мицкоски откако лидерот на интегративците на средба со граѓани во Шуто Оризари изјавил дека ако се допре албанскиот јазик, сите Албанци ќе се кренат на нозе...

Али Ахмети е фактор на нестабилност во државата. Навикнати сме да има воинствена реторика и да повикува на немири и нестабилност, но не е нешто сериозно, одговори премиерот Мицкоски откако лидерот на интегративците на средба со граѓани во Шуто Оризари изјавил дека ако се допре албанскиот јазик, сите Албанци ќе се кренат на нозе.
Мицкоски се заканува на опозициските политичари, користејќи ја позицијата. Тоа е неприфатливо – реагираа од ДУИ со соопштение.
„Доколку премиерот навистина е искрен во борбата против корупцијата, тој би го прифатил нашиот повик за независен и меѓународно посредуван процес на ветинг, кој ќе ги опфати сите партии и политичари, вклучувајќи го и него самиот. Само таков транспарентен и сеопфатен процес ќе и служи на демократијата и ќе создаде доверлива политичка клима за нашите граѓани“, велат од ДУИ.
Не е мој стил да упатувам закани – коментира шефот на владата Мицкоски. Од тоа што го зборувам најверојатно се загрижени политичките криминалци кои беа на власт изминативе години и децении.
Миле А. Ристески
