Собрание

Прекината собраниската Комисија за надзор на работата на тајните служби

12.11.2024 14:36

Прекината собраниската Комисија за надзор на работата на тајните служби. По информациите за следење на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ бара теренска посета на агенциите. Опозицијата обвини дека Христовски е незаконски именуван за прв човек на АНБ...

Комисијата за надзор над работата на тајните служби не стигна да ја разгледа информацијата поднесена од СДСМ за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ. Жестока дебата се разви откако ВМРО-ДПМНЕ побара, а СДСМ поддржа претседателот на Комисијата Реџепи да стави на дневен ред точка за посета на двете агенции од страна на членовите на Комисијата. Претседателот одби оти немал безбедносен сертификат и не можел да оди во посета на тајните служби.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека е нарушена демократијата оти досега на ниту еден пратеник не му бил одбиен предлог за нова точка на дневниот ред.

Од СДСМ сметаат дека власта сака да го прикрие случајот со сертификатот по англиски на Христовски.

Кога и дали ќе продолжи седницата на Комисијата е неизвесно.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе поддржат поднесување на интерпелација од СДСМ за работата на претседателот на Комисијата.

 

Ирина Гелевска