Хаити

Неколку авиокомпании ги откажаа летовите за Хаити

12.11.2024 14:58

Американски патнички авион на „Спирит ерлајнс“ бил погоден од огнено оружје при слетувањето на аеродромот кој бандите на Порт О Пранс се обиделе да го заземат...

Неколку авиокомпании ги откажаа летовите за Хаити откако американски патнички авион на „Спирит ерлајнс“ бил погоден од огнено оружје при слетувањето на аеродромот кој бандите на Порт О Пранс се обиделе да го заземат. Еден член на екипажот е полесно повреден во инцидентот. А, по пукањето леталото било пренасочено на аеродромот Сантијаго во соседна Доминиканска Република. Ова е втор напад за три недели и доаѓа во момент на демократски превирања и промена на премиерот во земјата кој најави дека ќе го врати мирот и слободата.

„Сум слетал во Порт О Принс 40 пати и се било нормално, и одеднаш се случува ова. Звучеше како некој да кова клинци на подот на авионот, потоа пилотот додаде гас и забрзано го издигна авионот“, изјави Кевин Адаир, патник.

„Беше трауматично, не знаевме што се случува, а потоа наеднаш дознавме дека слетуваме во Доминиканска Република, и екипажот изгледаше навистина вознемирен“, изјави Филип Дебалд, патник.