Ракомет

ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија исклучени од сите македонски натпреварувања

13.11.2024 09:41

Екипите на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија, каде играчките намерно си постигнуваа автоголови и режираа промашувања, доби официјална потврда за своето место во ракометниот срам. Спортската заедница, како и пошироката јавност, реагираа жестоко на ова претставување...

Срамниот натпревар во Купот меѓу екипите на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија, каде играчките намерно си постигнуваа автоголови и режираа промашувања, доби официјална потврда за своето место во ракометниот срам. Спортската заедница, како и пошироката јавност, реагираа жестоко на ова претставување, кое предизвика потсмев и загриженост во спортските кругови.

Поради намерно режираниот скандал, Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) донесе сериозни и драстични санкции. ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје беа исклучени од сите натпреварувања организирани од страна на РФМ и добија забрана за учество на идни натпревари, поставувајќи прецедент во спортските санкции во земјава.

Овој скандал претставува силен удар врз спортската култура и вредности, а РФМ е јасен дека ваквото однесување нема место во македонскиот ракомет.