Комисиска расправа по Предлог-буџетот за 2025 година
Првиот финансиер во државата Гордана Димитриеска Кочоска посочи дека Предлог-буџетот содржи мерки за фискална консолидација и дисциплинирано даночно трошење, и мерки и политики за поттикнување на економскиот раст...

Во Комисијата за финансирање и буџет ќе се расправа по Предлог-буџетот за 2025 година. Проектиран е на приходи во вредност од 5,8 милијарди евра, што е за 13 проценти повеќе од овогодишниот буџет. Предвидено е расходите да изнесуваат 6,5 милијарди евра.
Првиот финансиер во државата Гордана Димитриеска Кочоска посочи дека Предлог-буџетот содржи мерки за фискална консолидација и дисциплинирано даночно трошење, и мерки и политики за поттикнување на економскиот раст. Според процедурата, првите 10 дена од расправата за Буџетот се резервирани во матичната комисија.
Откако ќе помине амандманската расправа, Предлог-буџетот се сели на пленарна седница, каде има пет дена расправа и потоа усвојување на државната каса за 2025-та година.
