УКРАИНА

Зеленски очекува поддршка од партнерите

14.11.2024 08:27

Украинскиот претседател Зеленски по телефонскиот разговор со германскиот канцелар Шолц најави дека шестиот од планираните системи за воздушна одбрана ИРИС-Т од Германија ќе пристигне во земјата до крајот на годината...

Украинскиот претседател Зеленски по телефонскиот разговор со германскиот канцелар Шолц најави дека шестиот од планираните системи за воздушна одбрана ИРИС-Т од Германија ќе пристигне во земјата до крајот на годината. На фронтот продолжуваат жестоки битки.

„Украина им е благодарна на сите наши партнери кои ни помагаат со противракетни и системи за противвоздушна одбрана. Сега работиме на дополнително зголемување на снабдувањето со ракети и одбранбени системи, како и сè што ни е потребно за зајакнување“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Ако Западот му дозволи на Киев да напаѓа длабоко на руска територија, одговорот на Русија ќе биде неизбежен и погубен, предупредува Москва.