САД

Средбата Бајден-Трамп траела околу два часа

14.11.2024 08:28

Околу два часа траеше средбата Бајден-Трамп во Белата Куќа...

Околу два часа траеше средбата Бајден-Трамп во Белата Куќа. Разговарано било за прашања од внатрешната и надворешната политика. Бајден му нагласи на Трамп дека транзицијата ќе биде уредна и ќе има мирен трансфер на власта.

„Важно е да имаме непречена транзиција. Претседателот ја почитува волјата на американскиот народ“, изјави Карин Жан-Пјер, прес-портпарол на Белата куќа.

Продолжува објавувањето на номинациите за челните позиции во САД. Доналд Трамп, и официјално го именуваше сенаторот од Флорида, Марко Рубио за номиниран за државен секретар. Конгресменот од Флорида, Мат Гец е номиниран да биде јавен обвинител, односно министер за правда. Гец беше еден од најжестоките сојузници на Трамп од 2017 кога прв пат влезе во Конгресот.