Светски ден за борба против дијабетес
Здруженијата бараат имплементација на декларацијата за дијабетес до 2030 година, донесена од СЗО и постигнување на глобалните цели за поквалитетна грижа на пациентите...

Денеска е Светскиот ден за борба против дијабетот. Здруженијата бараат имплементација на декларацијата за дијабетес до 2030 година, донесена од СЗО и постигнување на глобалните цели за поквалитетна грижа на пациентите.
Најновите податоци на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) покажуваат дека повеќе од половина милијарда луѓе во светот сега живеат со дијабетес. Во Македонија, околу 116.125 луѓе живеат со оваа состојба. Од нив 40% се недијагностицирани. Во 2021 година, дијабетесот доведе до 2.590 смртни случаи и 113.859.699 американски долари здравствени трошоци во нашата земја.
Пациентите бараат редовна терапија.
