МВР

Приведен криумчар на мигранти

14.11.2024 09:52

На 13.11.2024 во 16.15 часот во близина на с. Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода У.Х.(61) од Косово...

На 13.11.2024 во 16.15 часот во близина на село Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода У.Х.(61) од Косово.

При преглед во возилото „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија.

Мигрантите и возилото биле пренесени во прифатно – транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка. У.Х. бил задржан во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.