Скопје

Експлозија во Ќерамидница, еден повреден пренесен во болница

14.11.2024 10:30

Едно лице е повредено откако во двор од куќа во скопската населба Ќерамидница била фрлена експлозивна направа...

Едно лице е повредено откако во двор од куќа во скопската населба Ќерамидница била фрлена експлозивна направа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Експлозијата, додаваат од МВР, се случила утринава во 9:20 часот.

Повреденото лице било пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.