Берош изведен пред истражен судија
Хрватскиот поранешен министер за здравство Вили Берош бил донесен кај истражен судија откако ноќта ја мина во полициски притвор по апсењето и распитот во УСКОК...

Хрватскиот поранешен министер за здравство Вили Берош бил донесен кај истражен судија откако ноќта ја мина во полициски притвор по апсењето и распитот во УСКОК.
На прашањето дали се чувствува виновен, Берош одговорил со „не“ како и дека обвинувањата се неосновани. Берош според неговиот адвокат, ги отфрла сомнежите за корупција, односно вмешаност во набавка на преплатени болнички апарати.
Сомнежите за корупција на поранешниот министер за здравство Вили Берош ги истражува и Европското обвинителство (ЕСЈО) кое извести дека покренало истрага против него и уште седум лица и две фирми за злосторничко здружување.
