Многу предизвици за родителите на деца со аутизам
Секој со својата болна приказна но и надеж за подобро утре родителите на деца со попречености на панел-дискусијата во Битола ги изнесоа по којзнае кој пат проблемите во секојдневието. За малкуте експерти од оваа област проблемите навираат и поради што немаме изградено национална стратегија не само за развој на децата туку и иднината на возрасните со аутистичен спектар.

Лутањето од лекар до лекар, инклузијата која сè уште не е спроведена на соодветен начин, исплатата на висината на финансиската помош која зависи од категоризацијата на ваквите деца односно од раната дијагностика се само дел од долгата листа на проблеми со кој се соочуваат родителите на деца со попречености. Мајката Елена Ивановска – Талевски вели дека син и носи дијагноза аутистичен спектар и е категоризиран дури на три ипол годишна возраст.
Билјана Стефановска мајка на дете со церебрална парализа вели имаме огромен недостаток на детски невролози, но и лекарства кој не се на позитивната листа.
И оние малкумината експерти велат потребно е системско решение. Жалат што и по над две децениските апели сè уште немаме Национален регистар.
Трајковски вели показателите не се сјајни ниту на светско ниво.
Стевче Митревски
