Кина-САД

Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни, констатирано на состанокот Џјинпинг-Бајден

17.11.2024 09:39

Кинеско-американските односи останаа стабилни иако поминаа низ подеми и падови во изминатите четири години...

Кинеско-американските односи останаа стабилни иако поминаа низ подеми и падови во изминатите четири години.

Двете страни се ангажирани во дијалог и соработка, констатирано на состанокот Шји Џјинпинг-Бајден на маргините на Самитот на АПЕК во Перу. Двајцата претседатели согласни дека за употребата на нуклеарно оружје треба да одлучуваат луѓето, а не вештачката интелигенција. На состанокот разговарано и за Тајван и за Русија.

Шји му пренел на Бајден дека Пекинг е подготвен да соработува со новата администрација на новоизбраниот претседател Трамп.