НОВИ САД
Уште една жртва по несреќата во Нови Сад
18.11.2024 08:21
Почина еден од тројцата пациенти, кои беа тешко повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад...

Почина еден од тројцата пациенти, кои беа тешко повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Во несреќата загинаа 15 лица, меѓу нив и македонскиот државјанин Васко Саздовски. Продолжуваат напорите за спасување на животот на двајца пациенти кои се сместени во Клиничкиот центар во Војводина од први ноември.
Во Србија в вчера се одржаа протести. Граѓаните бараат одговорност од надлежните.
