Царинска управа

Николовски учествува на дводневниот состанок на високо ниво „Зајакнување на регионалната царинска соработка“

18.11.2024 10:20

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски учествува на дводневниот состанок на високо ниво „Зајакнување на регионалната царинска соработка“ што се одржува од 18-ти до 19-ти ноември во Будимпешта.

На состанокот присуствуваат директорите и високи претставници на царините од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ.

Настанот беше отворен со видео порака од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј. Истиот е организиран под покровителство на Унгарското претседателство на Советот на ЕУ и Националната даночна и царинска администрација на Унгарија.