ИНДИЈА

Рекордна загаденост на воздухот во Њу Делхи – 60 пати над максималниот праг

18.11.2024 10:44

Токсичен смог зафати повеќето делови од северна Индија. Загаденоста на воздухот во Њу Делхи утринава достигна ниво што е 60 пати над максималниот праг поставен од Светската здравствена организација...

Токсичен смог зафати повеќето делови од северна Индија. Загаденоста на воздухот во Њу Делхи утринава достигна ниво што е 60 пати над максималниот праг поставен од Светската здравствена организација.

Повеќето училишта во градот со околу 33 милиони жители се затворени, сообраќајните ограничувања се зајакнати и се препорачува работа од дома.

Секоја зима Њу Делхи се соочува со пикови на загадување предизвикани од фабриките и патниот сообраќај, а во овој период од годинава има и голем број пожари од сезонското палење на земјоделските површини.