Во Рио де Жанеиро денеска почнува дводневниот самит на Г20
Војните во Украина и на Блискиот Исток, климатските промени, сиромаштијата, реформата на глобалните институции – ова се главни теми на дводневниот самит на Г20 што се одржува во Бразил. Путин не допатува во Рио де Жанеиро.

Кризата на Блискиот Исток, војната во Украина, заканата од климатските промени, енергетската транзиција, борбата со сиромаштијата – како никогаш досега, пред лидерите на 20-те најразвиени земји во светот се поставени големи дилеми за длабоки предизвици. Време е за лидерство, неуспехот не е опција – дециден генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Повика на итна акција за изнаоѓање решение за глобалните кризи.
„Нашите времиња се бурни и треба да се тркаме многу побрзо за да се справиме со основните заеднички предизвици. Заканите со кои се соочуваме денес се меѓусебно поврзани и меѓународни, а на глобалните институции за решавање проблеми очајно им е потребна надградба“, изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ООН.
Додека светот се справува со тешки геополитички превирања, потребен е дополнителен напор, борбата со климатските промени да не биде фрлена во сенка. Земјите од Г-20 кои поседуваат 85 насто до светската економија, се најдоговорните за намалување на стакленичките гасови, рече Гутереш. Предупреди од катастрофални последици доколу итно не се преземат мерки за справување.
„Сегашните климатски политики на земјите нè туркаат до катастрофален пораст на температурата од 3,1 степени до крајот на векот. За да ја избегнеме најлошата идна климатска катастрофа – мораме да го ограничиме порастот на глобалната температура на 1,5 степени целзиусови“, изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ООН.
На маса пред лидерите ќе бидат и управувањето со вештачката интелигенција и борбата со дезинформациите. На самитот во Рио де Жанеиро веќе пристигнаа американскиот и кинескиот претседател Џо Бајден и Шји Џјингпинг. Путин, и овојпат не дојде, руската федерација ја претставува министерот за надворешни Лавров.
Маја Стојанова
