Васко Наумовски- нов преговарач за името

23.07.2014 10:08

Наумовски доаѓа на местото на Зоран Јолевски кој стана министер за одбрана...

Новоименуваниот македонски амбасадор во Вашингтон, Васко Наумовски се вклучува во процесот за името.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов го назначи Наумовски за специјален пратеник во разговорите за надминување на разликата околу името со јужниот сосед.

Наумовски доаѓа на местото на Зоран Јолевски кој стана министер за одбрана. Иванов денеска во неговата резиденција на Водно ќе се сретне со Јолевски и со Наумовски.

Првата задача на новиот македонски специјален пратеник е посетата на Метју Нимиц на Атина и на Скопје што неофицијално ќе се случи од 26-ти до 28-ми јули.

Наумовски е поранешен вицепремиер за евроинтеграции. Тој ќе биде четвртиот преговорач по Иван Тошевски, Никола Димитров и Зоран Јолевски.