Сообраќајната култура во Струмица на ниско ниво, сè повеќе непрописно паркирани возила
Во Струмица паркинзите слободни, а расте бројот на непрописно паркирани возила. Средношколци од сообраќајната струка за два часа детектираа 660 непрописно паркирани возила и побараа ставање ред со хаосот во градот.

Да се подигне јавната свест, но и зголемат контролите од страна на полицијата. Вака сметаат професорите од сообраќајната струка во Струмица, откако се зголемија реакциите за сообраќајниот хаос во градот. Тоа го нотираа и средношколци од „Никола Карев“ правејќи истражување за сообраќајната култура на струмичани.
За првите шест месеци во СВР Струмица регистрирани се 187 сообраќајки. Брзината и возење под дејство на алкохол се најчестите причини. Полицијата постојано со акции за поголема безбедност.
Полицијата ги зачести контролите по струмичките улици. Фокус им се непрописно паркираните возила.
Од август годинава се зголемени се и цените за паркирање па така за еден час паркинг во Струмица се наплаќа 30, а во центарот на градот 50 денари.
Ване Трајков
