Македонија
Мицкоски на отворање нова училишна сала во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани
24.11.2024 10:49
Вкупната инвестиција на проектот изнесува 29.680.000 денари, а ова училиште добива училишна сала после 61 година од своето постоење...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворање на нова училишна сала во ООУ „Наум Охридски“ во населеното место Булачани во Општина Гази Баба.
Вкупната инвестиција на проектот изнесува 29.680.000 денари, а ова училиште добива училишна сала после 61 година од своето постоење.
Премиерот најави дека денеска ќе соопшти добра вест и за македонското стопанство.
„Денес ќе соопштам добра вест за македонското стопанство“, напиша на Фејсбук.
