Македонија

Јавна заложба на Мисијата на ОБСЕ за борба против насилството врз младите жени и девојки

24.11.2024 11:36

Централен дел на настанот ќе биде потпишувањето на декларација на намери, со што „ќе се отслика јавната заложба за борба против насилството врз младите жени и девојки“.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска одржува централен настан „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување“, во рамки на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство.

Централен дел на настанот ќе биде потпишувањето на декларација на намери, со што „ќе се отслика јавната заложба за борба против насилството врз младите жени и девојки“. Декларацијата задава десет акциски точки со конкретни мерки што Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе ги поддржи во 2025 година.

Предвидени се обраќања на претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова и министерката за образование Весна Јаневска. Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Килијан Вал нема да присуствува од „здравствени причини“.

Настанот ќе се одржи во „Лабораториум“ со почеток во 12 часот.