МПЦ-ОА
Почина владиката Тимотеј
25.11.2024 13:10
Неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето.

Дебарско- кичевскиот митрополит Тимотеј, починал денеска во болница. Неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето.
Владиката Тимотеј долги години имаше срцеви проблеми, а во 2013 година доживеа полесен инфаркт на синодската седница. Покрај тоа што беше митрополит, беше и синодски портпарол.
Роден е во 1951 година во Младо Нагоричане, кумановско, со световно име Славе Јовановски.
За архиереј на МПЦ-ОА е избран во 1981 година.
