Изјавата ја напишав под принуда на Палевски, тврди Кешишeв
Со испитување на сведоци од Обвинителството, во Кривичниот суд продолжи судењето за двојното убиство…

Во Кривичниот суд продолжи судењето за двојното убиство со испитување на сведоци од Обвинителството. Има материјални докази дека Палчо е сторител на убиствата, новата изјава на Кешишeв нема доказна вредност, тврдат обвинителките во случајот.
Пресврт на денешното рочиште се случи пред самиот крај, кога обвинетиот Влатко Кешишeв н преку својот адвокат побара збор и кажа дека изјавата дека Љупчо Палевски-Палчо не бил присутен за време на грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски била лажна. Ја напишал под принуда на Палевски додека со комбе биле спроведувани заедно во затвор каде што издржуваат притвор. Прашан од судијата зошто го направил тоа, Кешишeв одговори: „Од страв“.
Анита Димитријевска-Велковска го следи денешното рочиште.
