Скопје

Приватните автобуси повторно на скопските улици, но не со целиот капацитет

25.11.2024 14:36

Во јавниот градски превоз од денеска се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет, ќе сообраќаат само превозници кои имаат финансиски можности...

Во јавниот градски превоз од денеска се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет, ќе сообраќаат само превозници кои имаат финансиски можности.

Автобусите на ЈСП од петокот возат во редовните термини, откако Владата во четвртокот им позајми нафта за седум дена, колку што треба да се реализира ургентната набавка преку Бирото за јавни набавки.

Приватните превозници бараат состанок со градоначалничката на Скопје, советниците и Владата на кој ќе се изнајде заедничко решение на нивното барање за зголемување на цената за изминат километар. Велат, со покачена цена ќе се обврзат да го обноват возен парк со еколошки климатизирани автобуси. Приватните превозници, имаат 200 автобуси и можат да го покријат недостатокот на автобуси од ЈСП.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до следната грејна сезона во земјава да има нови 100 до 120 електрични автобуси кои ќе сообраќаат во јавниот градски превоз.