Македонските ракометарки во првиот настап на ЕП 2024 играат против Шведска
Македонската женска ракометна репрезентација вечер во 1. коло на Европското првенство 2024 ќе се соочи со Шведска...

Женската ракометна репрезентација на Македонија почнува уште едно Европско првенство. Откако на претходното бевме еден од домаќините, овојпат нашите девојки се пласираа на континенталниот собир преку квалификациите.
Во групата во Дебрецин нашите девојки имаат на хартија две посилни селекции од себе и една инфериорна. Ова е прво Европско првенство за жени со 24 селекции, но пак нема да биде лесно да се мине групниот сегмент.
Македонската женска ракометна репрезентација вечер во 1. коло на Европското првенство 2024 ќе се соочи со Шведска.
Селекторот на Македонија, Кристијан Грчевски, шансата за подобар резултат ја гледа на дуелот со Турција, додека на средбите со Шведска и Унгарија очекува максимално залагање на неговите избранички и стекнување искуство потребно за нивната понатамошна кариера.
Пласман во втората фаза на Европското првенство ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од групите.