Македонија

Меџити ја стопира изградбата на базата за асфалт во Визбегово

28.11.2024 16:42

„Реакциите на граѓаните за на стопирање изградбата на базата за асфалт во Визбегово не останаа нечуени како во претходните случаи“, информираа од „Влен“.

Првиот заменик- премиер и министер за животна средина, Изет Меџити, соопшти дека како што ветиле пред изборите, базата за асфалт во Визбегово нема да се изгради.

„Реакциите на граѓаните за на стопирање изградбата на базата за асфалт во Визбегово не останаа нечуени како во претходните случаи“, информираа од „Влен“.

Меџити изјави дека вчера ја посетил Индустриската зона Визбегово, каде што се сретнал со претприемачи од оваа скопска зона.

„Заедно разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат, како што се проблемите со патот и пристапот до областа, како и за главното прашање што го покренаа граѓаните и бизнисите во знак на протест: планираната изградба на Асфалтната база. Го зацврстив нашиот став дека ги слушаме граѓаните и стопанствениците и ги информирав дека ја укинавме одлуката за изградба на асфалтна база во оваа индустриска зона. Оваа одлука е донесена земајќи ги предвид нивните аргументи кои ја нагласуваат штетата што таквата активност би ја донела за здравјето и животната средина. Ги поддржуваме бизнисите, но не по цена на здравјето и природата“, информираше Меџити.