Пратенички прашања

Мицкоски: Состојбата во Буџетот беше алармантна, ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола

28.11.2024 19:09

Потенцираше дека дупката во Буџетот била огромна, посочувајќи дека само за редовна исплата на пензиите недостасувале 5 милијарди денари, но не било заборавено да се исплатат аванс на проект од речиси 300 милиони евра за проект кој што не бил започнат.

Премиерот Мицкоски денеска одговарајќи на пратенички прашања рече дека состојбата со буџетот која што ја наследил била алармантна. Потенцираше дека дупката во Буџетот била огромна, посочувајќи дека само за редовна исплата на пензиите недостасувале 5 милијарди денари, но не било заборавено да се исплатат аванс на проект од речиси 300 милиони евра за проект кој што не бил започнат.

„Дупката беше толку голема, злоупотребите беа такви и континуирано излегуваа на површина акумулирани долгови што тоа не загрижи и велевме сега што правиме и како ќе ја завршиме годината, имајќи во предвид дека за редовните исплати недостасуваа средства. Недисциплина, демотивирање во администрацијата, моралот беше на ниско ниво“, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека Јавниот обвинител треба да го истражи и работењето во РЕК Битола, бидејќи како што рече, таму долгот е 5 милијарди денари.