Тркалезна маса
Потребни се измени и дополнувања на Законот за Судски совет
28.11.2024 15:33
За силна држава потребно е стабилно правосудство. Владата, првите реформи ги стартува од Судскиот совет...

Судиите од битолска Апелација ги кажаа своите предлози кои можат да придонесат за вистински решенија во измените на Законот за Судски совет.
Од ресорното министерство велат тоа треба да биде алатка и во што поефикасно справување со сите судии и јавни обвинители кои се огрешиле.
Граѓаните кои одамна ги кажале најниските оценки, велат шанса за подобрување има но треба и подолго време.
Како и во останатите и во битолското апелациско подрачје има недостаток од судии и стручен кадар, беше констатирано на втората по ред тркалезна маса.
Стевче Митревски
