Белата куќа ја правда одлуката на Бајден
Одлуката на Бајден наиде на остри критики од Трамп и Москва, но и од редовите на неговите демократи поради ветувањето дека нема да ги искористи своите овластувања...

Белата куќа ја објасни одлуката на американскиот претседател Бајден да го помилува својот син Хантер, истакнувајќи дека претседателот верува дека неговите политички противници ќе продолжат да го прогонуваат.
„Претседателот рече дека се борел со оваа одлука затоа што верува во правосудниот систем, но исто така верува и дека политичката војна го заразила процесот и довела до пропуст на правдата. Тој сметаше дека е доволно и презеде акција. Тврди дека се обиделе да му го скршат синот за да го скршат него“, изјави Карин Жан-Пјер – портпаролка на Белата куќа.
Одлуката на Бајден наиде на остри критики од Трамп и Москва, но и од редовите на неговите демократи поради ветувањето дека нема да ги искористи своите овластувања и да го спаси од можна затворска казна поради кривични дела и даночни пресуди.
