Прогласена вонредна состојба во неколку општини во Грција поради силното невреме
Вонредна состојба за Родос и Лимнос прогласи генералниот секретар на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на барање на градоначалникот. Вонредна состојба е прогласена на Лимнос во општинските единици Мирина, Атики и Неа Кутали...

На Родос, кој претрпе голем удар поради налетот на невремето Бора, во понеделник навечер повторно беше испратена предупредувачка за граѓаните да ги избегнат непотребни движења. Службите на Противпожарната служба, jужноегејскиот регион и општина Родос остануваат на подготвеност за справување со проблемите предизвикани од невремето Бора. Како што е најавено, наскоро ќе започне процесот на евидентирање на штетата.
На Лимнос не врне дожд во последните неколку часа, а жителите на островот се обидуваат да спасат што можат по разорните поплави.
Вонредна состојба за Родос и Лимнос прогласи генералниот секретар на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на барање на градоначалникот. Вонредна состојба е прогласена на Лимнос во општинските единици Мирина, Атики и Неа Кутали. Сите училишта низ островот остануваат затворени.
Поради силните ветрови и врнежи од дожд оштетени се многу инфраструктури, куќи и патишта. Големи количини на врнежи се забележани на Халкидики поради лошото време. Патиштата се претворија во реки, поплавени се бројни куќи и продавници, а некои места патиштата се целосно покриени со кал.
