Зеленски е подготвен за примирје, ама зависи од НАТО
САД брза да ја достави помошта за Киев наспроти напредокот на руските трупи додека Зеленски соопшти дека е подготвен за примирје со Путин, но тоа вели, зависи од НАТО...

САД брза да ја достави помошта за Киев наспроти напредокот на руските трупи додека Зеленски соопшти дека е подготвен за примирје со Путин, но тоа вели, зависи од НАТО. Последната американска помош за Киев ја покажува желбата да се одржи војната-оценува Кремљ. Русија тврди дека презела контрола врз уште две населени места, во Запорожје и во Доњецк, истовремено продолжувајќи со воздушните напади врз електричната мрежа во западниот град Тернопил. Голем дел од населението е без струја. Од ОН за човекови права ја повикаа Русија под итно да престане со практиката, а меѓународната заедница да и даде приоритет на поддршката за обнова на Украина.
„Ја повикуваме Руската Федерација веднаш да ги прекине сите напади врз енергетската инфраструктура на Украина која е од клучно значење за цивилното население, а меѓународната заедница да и даде приоритет на поддршката на Украина за поправка и обновување на нејзините енергетски системи“, изјави Џереми Лоренс, портпарол на Канцеларијата за човекови права на ОН.
