Македонија

Просветна инспекција влегува на Универзитетот за туризам за да го провери студентското досие на директорот на АНБ, Христовски

03.12.2024 11:58

На барање на Антикорупциската комисија ќе се испитува документацијата во Универзитетот за туризам од каде Христовски поседува документација за завршено високо образование...

Во тек е инспексцискиот надзор на Државниот просветен инспекторат за проверка на студентското досие на директорот на АНБ, Бојан Христовски. На барање на Антикорупциската комисија ќе се испитува документацијата во Универзитетот за туризам од каде Христовски поседува документација за завршено високо образование. 

Во текот на денов ДКСК ќе информира дали до нив се пристигнати нови претставки, бидејќи досието досега три пати беше дополнувано. Во претставките се оспоруваат условите за именување на Христовски за директор на АНБ во кои е вклучено и сомнеж за неговото образование. 

Инспекторатот има рок од 15 дена да достави извештај, кој ќе биде проследен до Министерството за образование.