Градски превоз

Денеска истекува тендерот за набавка на нафта за ЈСП

03.12.2024 15:58

Денеска е последниот рок од тендерот за набавка на гориво по скратена постапка и со директно преговарање од страна на ЈСП. И додека се чека решавање на проблемот, граѓаните ни криви, ни должни долго време чекаат автобус...

Се трошат последните литри нафта за градските автобуси на „ЈСП“ позајмени од стоковите резерви. Од менаџментот не откриваат детали за исходот од тендерот за набавка на гориво. Директорот на ЈСП Драги Кушовски за МТВ рече дека процедурата сè уште трае. Наскоро ќе се знае дали и колку добавувачи се пријавиле и дали ќе има конечно решение на проблемот со горивото за автобусите.

Привремено е надминат проблемот со горивото.

Тендерот за набавка на нафта заглави во Бирото за јавни набавки, а од Град Скопје реагираа дека ова е прв тендер поништен на ваков начин.

Инаку, на претходниот тендер, според информациите на МТВ, имало пријавено само една компанија, но понудата била одбиена поради некомплетна документација.

И додека се чека решавање на проблемот, граѓаните ни виновни ни должни долго време чекаат автобус.

Паралелно, приватните превозници се вратија на скопските улици, ама метежот во автобусите и натаму го има оти фалат автобуси. Засега не возат само на неколку линии, но не се исклучува можноста целосно да се вратат во сообраќај.

 

Борис Грујоски