онлајн измами

„Помисли двапати“ кампања на ИНТЕРПОЛ за зголемување на свесноста и заштита од онлајн измами

04.12.2024 08:42

„Помисли двапати“ (Think Twice) кампањата во која целосно се вклучува и Министерството за внатрешни работи, вклучува серија кратки видеа кои се фокусираат на пет најголеми растечки онлајн закани, ransomware напади, malware напади, phishing, генеративни AI измами и романтичарски измами...

ИНТЕРПОЛ почна со нова кампања за зголемување на свесноста од растечките закани од сајбер или финансиски измами на луѓе, организации или институции.

„Помисли двапати“ (Think Twice) кампањата во која целосно се вклучува и Министерството за внатрешни работи, вклучува серија кратки видеа кои се фокусираат на пет најголеми растечки онлајн закани, ransomware напади, malware напади, phishing, генеративни AI измами и романтичарски измами.

Овие софистицирани измами се во голем подем изминатите години, од кои поконкретно ransomaware нападите се со пораст од 70 проценти, а malware нападите над 30 проценти само минатата година, со што повеќе од 20% од вработените воопшто и не знаат дека најверојатно на својот компјутер имаат некаков вид на malware софтвер.

Со phishing нападите кои постојано еволуираат и стануваат потешки за детектирање, криминалците исто така ја искористуваат технологијата за своја добивка. Пример, користат генеративна вештачка интелигенција (AI) да креираат ултра реалистични човечки карактери, притоа измамувајќи илјадници луѓе ширум светот преку манипулација на глас, слика и звук.

Романтичарските измами се исто така во подем, каде што сајбер криминалците користат лажни онлајн профили за да создаваат врски и доверба, пред да побараат пари од жртвата.

„Помисли двапати“ повикува на будност во дигиталниот свет, нагласувајќи ја важноста да се застане, да се погледне двапати, промовирајќи го значењето на носење на мудри одлуки и зголемување на свесноста за сајбер безбедноста во секојдневниот живот

„Како што дигиталниот свет во којшто живееме продолжува да еволуира, гледаме дека онлајн измамите растат во нивото на својата софистицираност, со што стануваат големи закани за луѓето, организациите и институциите ширум светот. Сајбер безбедноста е заедничка одговорност и преку проактивни чекори, можеме да придонесеме кон градење на побезбеден, посигурен дигитален свет за сите“, потенцира генералниот секретар на ИНТЕРПОЛ, Валдеси Уркиза.

Двонеделната кампања за зголемување на свесноста од онлајн измами е планирана да оди на социјалните медиуми.

Кампањата ќе ги поттикне луѓето да користат лична (in-person) верификација и да ја проверуваат својата дигитална интеракција, посебно кога ќе наидат на сомнителни линкови или информации.

Целта е корисниците да почнат да прават информирани и внимателни онлајн чекори, со тоа намалувајќи ги ризиците поврзани со заканите како phishing, malware и онлајн измами.

Чекори кои го намалуваат ризикот се правење на внимателни и рационални избори, посебно при справување со несакани, непознати или сомнителни линкови, имејл пораки или пораки, паузирање за да се евалуира автентичноста и кредибилноста на дигиталната содржина, пред да се преземе акција. Да се проверат идентитетите преку повеќе канали или да се биде внимателен на сите барања, дури и од „познати“ лица, имплементација на култура на сајбер безбедност на работното место и овозможување на знаења на овие теми за сите вработени. Потоа, внимателност при формирање на онлајн пријателства и врски, посебно кога се споменуваат пари и да се биде постојано информиран на постојаното унапредување на тактиките на сајбер финансиските криминали кои ја прават нивната детекција многу потешка.