МВР

Претрес во Кочани, пронајдена дрога

04.12.2024 09:52

Вчера во 12.10 часот полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Кочани, информираат од МВР...

Вчера во 12.10 часот полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Кочани, информираат од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението.