Трагедија
Почина жена, дете се бори за живот по пад од балкон во Општина Кисела Вода
04.12.2024 09:52
70 годишна жена и малолетник паднале од зграда, по што жената починала на самото место а малолетникот е тешко повреден...

Вчеравечер во скопската населба Кисела Вода се случила трагедија. 70 годишна жена и малолетник паднале од зграда, по што жената починала на самото место а малолетникот е тешко повреден.
Не е познато под кои околности жената скокнала од балконот и дали детето било со неа во тој момент или паднало претходно.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
