Образование

Онлајн настава за ученикот од „Лазо Ангеловски“

07.12.2024 16:31

Сите ученици од основното училиште „Лазо Ангеловски“, по празникот да се вратат во клупите. Третоодделенецот наставата да ја следи онлајн. Ова е предлогот за надминување на бојкотот на наставата. Прифатлив е за родителите, но тие в понеделник ќе пресечат за прекин на бојкотот.

Ученикот со проблематично однесување да следи онлајн настава-ова е предлог којшто стигнал до родителите.Тие го прифаќаат, додека трае проценката ученикот ќе биде дома.

Во вторник 1.500 ученици да се вратат во училишните клупи - е порака којашто била пратена до родителите.

Професорката Мирјана Најчевска вели детето е жртва на сите возрасни околу него, почнувајќи од семејството, стручните служби во училиштето, социјалните служби, сите што требале да преземат нешто.

Од МОН провериле дека училиштето преземало соодветни чекори коишто не дало резултат, но на министерката и пречи преголема јавност во проблемот којшто и според неа не е мал.

Родителите од „Лазо Ангеловски“ три години од надлежните барале решение за проблемот, велат секоја од интитуциите да постапеше во рамките на своите надлежности, немаше да има бојкот. Две наставнички и десетина ученици си заминале поради проблематичниот ученик.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски